26 Април, 2024
0.0266

Меѓународна конференција за поврзување на компании од метална и електро индустрија со странски купувачи

Објавено во: Мои пари 14 Август, 2018

Добивај вести на Viber

На 18 септемви во Хотел Александар Палас во Скопје ќе се одржи втората конференција Macedonia Manufacturing Expo (ММЕ) чија цел е промовирање на потенцијалот на македонската лесна преработувачка индустрија и поврзување на домашните компании од оваа индустрија со странски купувачи, односно овозможување  инвеститорите да имаат брз и лесен преглед на ланците на добавување во секторот.

На годинешнава конференција се очекува учество на 75 домашни и странски компании од автомобилската, метало-машинската, индустријата за производство на опрема и други индустрии од овој сектор.

Првата конференција Macedonia Manufacturing Expo која во организација на Македонската асоцијација на метална и електро индустрија (МАМЕИ) и со поддршка од УСАИД и Владата на Швајцарија, беше организирана во 2016 годинаидаде извонредни резултати. На неа присуствуваа 50 компании од Македонија во својство на добавувачи и 18 компании, од кои 16 странски, во својство на купувачи, меѓу кои и Сименс, Ван Хул, АРЦ Аутомотив, Кромберг и Шуберт и други. Беа организирани и 170 претходно договорени состаноци (B2B), што резултираше и со конкретни соработки и договори.

Macedonia Manufacturing Expo2018 ќе биде во голем дел подобрено со новите партнерства меѓу МАМЕИ и Германската асоцијација за менаџирање, набавување и логистика на ланци на добавување (BME) кои ќе донесат нови купувачи на настанот. BME со 60годишна традиција и над 9000 индивидуални и корпоративни членки служи како водечки кандидат за бизнис мечирање во Германија и Централна Европа. Оваа соработка ќе овозможи македонските претприемачи од металната и електро индустријата да се сретнат со претставници на индустрии и бизниси, логистички менаџери и експерти за ланци на добавување, а овие средби може да бидат непроценливи за понатамошниот развој на домашните компании и економијата на земјата во целина. Овие партнерства сигурно ќе ја зајакнат соработката на лесниот преработувачки сектор на Македонија и Германија”, вели Марта Наумовска Грнарова, Претседател на Македонската асоцијација на метална и електро индустрија МАМЕИ.

Метало-машинскиот и електро-инженерскиот сектор во Македонија бележи брз развој со што локалните фирми сé повеќе стануваат соодветни добавувачи за странските купувачи. ММЕ ќе овозможи натамошно проширување на соработката на домашните компании со странските големи фирми и ќе даде придонес македонските компании да станат дел од глобалниот снабдувачки ланец на реномирани странски компании.

Сите компании од лесната металопреработувачка индустријазаинтересирани за Macedonia Manufacturing Expo2018 можат бесплатно да се регистрираат за учество.

За повеќе информации и регистрација компаниите можат да ја посетат веб страницaта  www.mamei.mk


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет