29 Април, 2024
0.0271

Мејер: На Балканот постои извесна поддршка за некој вид промена на границите

Објавено во: Балкан 05 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Според американскиот експерт за Балканот, Стивен Мејер, промената на границите на Балканот на мирен начин е најдобро решение за проблемите во регионот. 

Мејер во интервју за руската агенција Спутник, вели дека „во границите нема ништо свето“, додавајќи дека по завршувањето на Студената војна многу граници се промениле на мирен начин, како што беше случајот со поранешните Советски Сојуз или Чехословачка.

Додава дека на Балканот постои „извесна поддршка за некој вид промена на границите, но и страв“, па затоа во регионот мора да се создаде „креативно лидерство“.

Мејер објаснува дека идејата за Голема Албанија може да се реализира, исто како и прашањето за создавање Голема Србија или да се разгледа идејата за формирање „некаков вид конфедерација на православните подрачја“, во која би влегле Македонија, Црна Гора, Република Српска и Србија.

Според него, доколку дојде до формирање на Голема Албанија, Србија би можела како компензација да го добие делот од Косово северно од реката Ибар, а би требало и да се организира и референдум во Република Српска, за тамошните жители да кажат дали сакаат независност, дали сакаат да бидат дел од Босна и Херцеговина или да станат дел од Србија.

„На повеќето луѓе со кои разговарав (во Република Српска) им се допаѓа идејата да бидат дел од Србија. Мислам дека постои и можност за тесна соработка со православната Македонија. Суштината е во тоа што во овој дел на светот прашањето на суверенитетот не е решено“- вели Мејер во интервјуто.

Како што пренесува Танјуг, тој натаму им препорачува на балканските лидери „да ги држат настрана САД и генерално големите сили“.

Мејер вели дека на Балканот имало преголеми очекувања од политиката на американскиот претседател, Доналд Трамп.

Можеби ќе ве интересира

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб