Меланија Трамп прави граматички грешки, јавноста се смее
Објавено во: Свет 09 Мај, 2018
Во Белата куќа во понеделникот, Меланија Трамп, ја претстави кампањата за тоа како децата да бидат среќни и здрави во денешниот хиперврзан, често вознемирувачки свет. Кампањата под името „Биди најдобар" ја разбранува јавноста.
Сето тоа поради нејасноста на англискиот јазик според кој „Be Best“-Биди најдобар, не звучи многу добро, точно и прецизно според граматиката на јазикот. На пример би било подобро на англиски да биде „Be The Best“.
Доналд Трамп, кој за време на кампањата стоеше до сопругата во Градината на розите, потпиша договор според кој 7 мај се води како „Да биде најдобриот ден"-„Be Best Day“, што малку не е логично.
„Be best“ воопшто не кореспондира со законите на англиската граматика. Затоа се крена фама во јавноста.
Но, на што се должи ваквата грешка? На Трамповата админстрација којашто можеби не се погрижи доволно или пак ова е шега на Меланија Трамп којашто е од Словенија и чијшто мајчин јазик спаѓа во групата на словенски јазици со многу различна граматика од англискиот.
Или пак инспирацијата можеби доаѓа од нејзината претходничка, Мишел Обама?
Останува да се види коментарот на првата дама.