Мендух Тачи најавува дека Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент
Објавено во: Македонија 12 Јули, 2020
Лидерот на Демократската партија на албанците Мендух Тачи, носител на листата во Изборната единица 6, од вчерашниот митинг во Гостивар порача дека Али Ахмети и Насер Зибери ги поврзува Југославија и УДБА.
„Тоа е истата политика со која за жал, успеаја да ги измамат и да им го украдат времето на помладите генерации. Но, верувам дека сега е крај. Заедно, со максимална посветеност, верувам дека ќе успееме“, рече Тачи.
Лидерот на ДПА, повикувајќи ги гостиварци на поголема излезност и да му ја дадат поддршката, нагласи дека со тоа ќе се остварат целите на политичката програма.
„Од вас барам да се мобилизирате во поголем број на гласање. Знам дека некои луѓе не доаѓаат на митинзи, бидејќи им се врши притисок и од локалната и од централната власт, но сепак ви велам дека победата е загарантирана. Луѓето кои гласаат за мене, имаат по телото рани од ДУИ и економски рани, па така не правам договор со нив. Сега е моментот и како членка на НАТО одиме со безбедни чекори, а Македонците ќе бидат обврзани да го прифатат дводомниот парламент“, рекол Тачи.