14 Мај, 2024
0.3337

Менопауза – како да ја пречекате подготвени?

Објавено во: Мои пари 21 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Менопаузата е нормален дел од стареењето на жената. Како што жената старее, настапува постепено намалување на функцијата на јајниците и лачењето естроген. Менопаузата, позната и како климактериум, го означува крајот на менструацијата, а со тоа и можноста жената да раѓа и да го проширува семејството. Оваа фаза, која најчесто се случува помеѓу 45-тата и 50-тата година од животот, се смета за една од најголемите промени, поради прекинот на плодноста и промената на нивото на хормоните. Во предменопаузaлниот период жените се соочуваат со симптоми кои негативно влијаат на целокупното здравје и промени во расположението и физичкиот изглед. Иако секоја жена може да има различни симптоми, со различен интензитет и повторливост, периодот пред менопаузата секојдневно е исполнет со голем стрес и непријатности.За да се намалат симптомите и полесно да го поминете овој период, потребно е да пиете многу течности, да јадете храна богата со калциум, витамин Д и фитоестрогени, да избегнувате храна и пијалаци кои предизвикуваат топлотни бранови (алкохол, луто, зачинета храна и производи на база на кофеин) и секојдневно да вежбате. Најважно од сѐ е да консумирате суплементи на природна основа, во форма на таблети или чаеви, кои ги имаат сите состојки потребни за намалување на менопаузалните симптоми.


Фармацевтската компанија Интер-Еврогенекс во своето долгогодишно постоење е насочена кон создавање производи исклучиво од природно, растително потекло, кои ефикасно и без несакани дејства помагаат во лекување на болестите на современиот човек. Во нивната широка палета на производи спаѓаат и таблетите и чајот Varuklim®, направени од екстракт од 6 природни билки, кои имаат докажано дејство во борбата против менопаузалните сиптоми. Овие производи помагаат во:

·  Намалување на ризикот од развој на остеопороза кај жените во менопауза;

·  Ублажување разни менструални нарушувања;

·  Намалување на напливите од топлотни бранови;

·  Намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Дејството на таблетите Varuklim® се должи на присуството на изофлавоните – модулатори на нивото на естрогени хормони. Заради ваквото модулаторно дејство, изофлавоните се познати и како фитоестрогени. Кога нивото на естрогени е ниско, рецепторските места може да бидат зафатени од фитоестрогените, со што се добива т.н. проестрогенски одговор. Кога нивото на естрогени е високо, фитоестрогените се натпреваруваат со естрогенот за зафаќање на дел од рецепторските места, со што го модулираат и дејството на превисокиот ендоген естроген.

Производите Varuklim® можете да ги најдете во аптеката Варуфарм на ул. „Водњанска“ бр. 18, Скопје.



Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти