27 Април, 2024
0.0298

МЕПСО додели стипендии на две студентки на Технички факултет Битола

Објавено во: Мои пари 20 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

МЕПСО додели стипендии на две студентки во втора година на насоката за електроенергетски системи на  Техничкиот факултет (ТФБ) при универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола. Со овој чин се возобнови соработката меѓу МЕПСО и битолскиот Технички факултет што беше започната во 2016 година. Стипендисти на МЕПСО се студентките Билјана Велјановскa иАлександра Киревска , кои ги исполнија пропишаните услови  на огласот. Студентките ќе добиваат стипендија од 6.000 денари месечно во тек на академската година.

Договорите за стипендирање на студентите во име на МЕПСО, денеска на ТФБ ги врачи Сашо Василевски, генерален директор на МЕПСО кој во своето обраќање ги охрабри студентите и потенцираше:


-Продолжете со истиот ангажман и посветеност во студирањето. Вашата работа ние ја гледаме и ја вреднуваме и ќе ве поддржуваме затоа што вие, студентите сте иднината и вие ќе обезбедите економски раст и просперитет на нашата земја. Убеден сум дека оваа позитивна практика ќе охрабри и мотивира и други студенти и дека вгодина и во годините што ќе следат редовно ќе доделуваме и повеќе стипендии овде во Битола, истакна Василевски. На студентите им се обрати и деканот на Битолскиот технички факултет д-р Стојан Нусев, кој се заблагодари за соработката и истакна:

-Се надевам дека соработката со МЕПСО во иднина ќе продолжи не само во оваа насока, тука и ќе се продлабочи преку поддршка на научно истражувачката работа и апликативната дејност која веќе неколку децении се негува на Техничкиот факултет во Битола, рече Нусев. Студентката Велјановска заблагодарувајќи се на МЕПСО и на ТФБ истакна дека ова ќе биде мотив плус за збогатување на знаењата и за подобар успех во студирањето.

-Сакам да се обратам и до сегашните средношколци, а идни студенти дека инженерството а посебно електро инженерството е добар избор за идна професија посебно на ТФБ, рече Велјановска.  МЕПСО и Техничкиот факултет Битола пред неколку месеци склучија Меморандум со кој ја продлабочуваат соработката на повеќе полиња. Со овој документ се создаде основа за долгорочна соработка во повеќе области од ко една е и процесот на стипендирање на студенти на Електротехнички отсек на Техничкиот факултет при универзитот „Свети Климент Охридски“ во Битола. МЕПСО во рамки на својата платформа за општествена одговорност и досега во рамки на можностите стипендира студенти на Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Таму стипендии доделува од 2012 година.МЕПСО има вкупно 17 стипендисти на факултетите за електротехника во Скопје и во Битола.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“