07 Мај, 2024
0.0608

Меркел и Оланд со остар тон спрема Путин, тој си молчи!

Објавено во: Свет 20 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Нема како да разликуваш терористи од цивили при бомбардирање. Така германската канцеларка Ангела Меркел упати сериозни критики кон рускиот претседател Владимир Путин по завршената доцна синоќешна средба на Нормандската четворка. 

На неа беше разгледан напредокот во исполнувањето на договорот од Минск во Украина, а беше договорено до крајот на ноември да биде изготвен патоказ со резултати од исполнувањето на договорите. 

Путин ја коментирал накратко темата “Украина“, и рекол дека „прогресот е минимален“ и не одговорил на никакви новинарски прашања. 

Според Меркел воздушните операции на руските сили и на армијата на Башар Асад во источниот дел на Алепо се “нехумани“, пишува Russia Today. 

Нејзината позиција беше поддржана од францускиот претседател Франсоа Оланд, кој го нарече она што се случува во Алепо „вистинско воено злосторство“ и повика да се изврши максимален притисок врз Москва да го прекине бомбардирањето. „Се разбира дека во Алепо има терористи, но бомбардирањето не може да се ефективна алатка за борба против нив“, беше тезата на Оланд.

И Меркел и Оланд не ја исклучија можноста на претстојниот Европски совет да го покренат прашањето за нови санкции против Русија. Советот започнува вечерва (20 октомври) и ќе трае до утре. И германскиот и францускиот лидер сепак повеќе се на мислење дека построги санкции нема да се исплатливи и вложуваат во ставот дека треба задолжително да има поефикасна хуманитарна помош за цивилното население во Алепо и Сирија. 

Од своја страна, Путин одговори дека Москва нема да го бомбардира Алепо „дотогаш додека терористичките ќелии таму не се активни“. пишува Bloomberg. 

Средбата меѓу Меркел, Путин и Оланд продолжи околу 7 часа, а украинскиот претседател Петро Порошенко исто така учествуваше неколку часа.


Можеби ќе ве интересира

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците