Меркел – од еврозоната барам само да се уреди буџетот
Објавено во: Свет 24 Април, 2013 12:58
Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека од еврозоната не бара ништо повеќе, освен да се среди буџетот.
- Мерките за штедење и за скратување на буџетското трошење можеби делуваат како некакво зло, но јас на тоа гледам само како на балансирање на буџетот, рече Меркел во Берлин.
Изјавата на германскиот канцелар доаѓа по се посилниот притисок на кој Меркел е изложена од земјите на југот од ЕУ, на некои германски сојузници и посебно од левицата во Германија и во Унијата, да се престане со острите мерки, а официјален Берлин веќе да не притиска во еврозоната „да ја одработи домашната задача“.
Со барање за завршување на неколкугодишното редуцирање на буџетското трошење, се огласи и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо, оправдувајќи го тоа со потребата да се придвижи развојот на еконимиите во зоната на единствената валута.
Германија, меѓутоа, бара и понатаму намалување на буџетското трошење и спроведување на подлабоки структурни реформи во економиите на земјите на кои им беа префрлани пари од ЕУ и ММФ, за покривање на нивната неликвидност и за спас од банкротство.
Канцеларот Меркел, наместо откажување на мерките за кратење на буџетот, побара од земјите во еврозоната да бидат подготвени и за жртвување на дел од суверенитетит, посебно во фискалниот сектор, за конечна консолидација на еврото и на зоната на единствената валута.
- Објавувањето крај на консолидацијата е апсолутена бесмислица, изјави Михаел Фукс, заменик лидер на германската Демохристијанска унија.
Според неговото мислење, всушност, никој во еврозоната и не штеди, освен што сега помалку се задолжуваат.
Во меѓувреме, германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле го критикуваше барањето на Барозо за завршување со острите мерки.
Најновите податоци на Евростат одат во прилог на германските ставови, затоа што буџетскиот дефицит во земјите на еврозоната во 2012 година се зголемил на 90,6 отсто од БНП, а не се намалил. Една година пред тоа дефицитот изнесувал 87,3 отсто. Во ова време, Бруто националниот производ се намалил од 4,2 во 2011, на 3,7 отсто во 2012 година.
Можеби ќе ве интересира
Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот




