06 Мај, 2024
0.0467

Меркел посакува заедничко решение за бегалската криза во Европа

Објавено во: Свет 25 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Европа треба да најде заедничко решение за бегалската криза, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на одбележување на 60 годишнината од формирањето на европската заедница со што беше постигнат долготраен мир, но денес предизвиците на Стариот континент се многу посложени.

- Во заедницата, основана на принципот на солидарност секоја земја треба да придонесе според можностите, рече Меркел.

Според неа изминатите две години е постигнат голем напредок, но има уште многу работи да се завршат.

Таа зборуваше и за папата Франциско, при што ја оцени како мошне инспиративна неговата вчерашна изјава.

Тој вчера се сретна со лидерите на 27-те земји-членки на Унијата пред денешниот самит во Рим посветен на 60 годишнината од потпишувањето на Римскиот договор.

- Кога ги отворивме внатрешните граници, ние не мислевме за зајакнување на надворешните граници. Кога воведувавме единствена валута не бевме подготвени за кризата. Но во моментов го правиме сето тоа преку банкарската унија и стабилизациските механизми. Најважно е сето тоа да се направи во атмосфера на солидарност, рече Меркел.

- Треба да ги гарантираме условите луѓето да не бегаат од своите земји, да ги решиме кризите, како таа во Сирија и тоа да го сториме заедно, додаде Меркел.


Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра