29 Април, 2024
0.0325

Мерко во Струга, Теута во Тетово, Арифи во Липково: Ова се кандидатите на ДУИ за локалните избори

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Попладнево во Мала Речица ДУИ ги утврди кандидатите со кои ќе се трка за градоначалнички фотелји.

Ерхан Арифи магистерот по правни науки р кандидат за градоначалник во општина Липково, во Арачиново историчарот Исуф Бислими, за Чаир унивезитетскиот професор Висар Ганиу, за Шуто Оризари кандидат ќе биде правникот Џелал Чајани, за Студеничани кандидат за гардоначалник од ДУИ ќе биде хемичарот Феми Јонузи, за Сарај ќе биде правникот и член на Централното претседателство на ДУИ Блерим Беџети, во Желино повторно ќе се кандидира сегашниот градоначалник Фатмир Изаири, во Теарце исто така актиуелниот градоначалник Исен Асани, исто и за Тетово од ДУИ кандидатка ќе биде актуелната градоначалничка Теута Арифи, во Боговиње кандидат ќе биде историчарот Берзат Бејтулаху, во Врапчиште економистот Гајур Рушити, за Гостивар повторно кандидат ќе биде актуелниот градоначалник Невзат Бејта и за Дебар актуелниот градоначалник Ружди Лата ќе биде кандидат и на овие избори, како и во Кичево каде тоа ќе биде Фатмир Дехари, Исамил Јаовски ќе биде кандидат за Пласница, за Долнени ќе биде правникот Џемил Ќамили, во Струга тоа ќе биде економистот Рамиз Мерко.

„Изборите на 15 октомври се многу значајни бидејќи граѓаните на нив непосредно избираат своите претставници кои треба потоа да најдат решенија за нивните секојдневни потреби. Имајќи го предвид фактот дека ДУИ ужива најголема поддршка кај граѓаните, а нашите кандидати имаат најголема шанса да бидат избрани ние направивме широки консултации за да избереме кандидати со личен и професионален кредибилитет и јасна визија за иднината на општините“, рече портпаролот на Централниот изборен штаб на ДУИ Арбр Адеми.

Тој ги посочи и поединечните кандидати за секоја од овие општини – за Липково кандидат ќе биде магистерот по правни науки Ерхан Арифи, во Арачиново историчарот Исуф Бислими, за Чаир унивезитетскиот професор Висар Ганиу, за Шуто Оризари кандидат ќе биде правникот Џелал Чајани, за Студеничани кандидат за гардоначалник од ДУИ ќе биде хемичарот Феми Јонузи, за Сарај ќе биде правникот и член на Централното претседателство на ДУИ Блерим Беџети, во Желино повторно ќе се кандидира сегашниот градоначалник Фатмир Изаири, во Теарце исто така актиуелниот градоначалник Исен Асани, исто и за Тетово од ДУИ кандидатка ќе биде актуелната градоначалничка Теута Арифи, во Боговиње кандидат ќе биде историчарот Берзат Бејтулаху, во Врапчиште економистот Гајур Рушити, за Гостивар повторно кандидат ќе биде актуелниот градоначалник Невзат Бејта и за Дебар актуелниот градоначалник Ружди Лата ќе биде кандидат и на овие избори, како и во Кичево каде тоа ќе биде Фатмир Дехари, Исамил Јаовски ќе биде кандидат за Пласница, за Долнени ќе биде правникот Џемил Ќамили, во Струга тоа ќе биде економистот Рамиз Мерко.

За општина Брвеница ДУИ нема да номинира свој кандидат туку ќе ја поддржи независната кандидатура на актуелниот градоначалник Енвер Пајазити. За Битола, Охрид и Гази Баба ДУИ ќе учествува со заеднички листи за советници со политички партии од албанскиот блок.

Можеби ќе ве интересира

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево