20 Декември, 2025
0.1867

„Мерцедес“ Е класа-продолжена верзија за кинескиот пазар

Објавено во: Свет 23 Април, 2013 15:16

Добивај вести на Viber

Со оглед на фактот дека не сака да заостанува зад конкурентите „Мерцедес„ на Саемот на автомобили во Шангај 2013. ја претстави продолжената верзија на новата Е класа. Дизајнот на надворешноста е преземен од стандардниот модел што беше претставен во јануари 2013 година во Детроит. Купувачите во Кина ќе можат да бираат меѓу две стилски варијанти на предниот дел на автомобилот: поелегантната, со класична трикратна ѕвезда што се наоѓа на врвот на хаубата и спортската, со симболот на „Мерцедес“ што се наоѓа на централниот дел од маската на ладилникот. Продолжената верзија е нарасната за 140 милиметри. Вкупната должина на возилот сега изнесува 5.019 милиметри, а на меѓуосовинското растојание одат 3.014 милиметри. Како што претпоставувате, најмногу корист од зголемувањето на меѓуосовинското растојание ќе имаат патниците на задните седишта, заради кои се и изработуваат ваков вид автомобили. На тој начин, клиентите кои се возат одзади, како менаџерите од среден ранг, можат да уживаат во предностите на луксузната лимузина по значително пониска цена од седанот од високата класа. Дизајнерите на овој „Мерцедес“ отидоа толку далеку па на патниците на задните седишта им ја овозможија привилегијата со електрични команди да ги движат предните седишта за себе да си овозможат повеќе комфор. Во понудата ќе бидат три бензински верзии, најслабата Е260 L BlueEFFICIENCY со четирицилиндричен мотор со директно вбризгување што развива 204 КС, потоа Е300 L што го придвижува шестцилиндричен агрегат со 245 КС и најсилниот модел Е400 L, исто така, со шестцилиндричен мотор од 333 КС. Сите три верзии на располагање се со рачен и со автоматски менувач. Од компанијата е најавено и дека подоцна во понудата ќе бидат и уште некои варијанти, како моделот Е400 L Hybrid. „Мерцедес“ Е класа со продолжено меѓуосовинско растројание ќе се произведува и ќе се продава исклучиво во Кина.

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот