Месечен пад на македонската берза
Објавено во: Финансии 08 Март, 2019
Голем пад во блок-трансакции во февруари предизвика значително намалување на вкупниот промет во тргувањеро со хартии од вредност во февруари, соопшти Македонска берза.
Вкупно биле истргувани акции и обврзници во вредност од 299,5 милиони денари и во однос на претходниот месец тоа е намалување од 38,78 отсто.
Класичното тргување е зголемено за 5,96 отсто, но блок-трансакциите се паднати за 86,75 отсто во споредбата месец за месец и изнесуваат само 26,75 милиони денари.
Најтргувани биле акциите на Комерцијална банка, на Алкалоид АД Скопје, и на Макошпед АД Скопје.