29 Април, 2024
0.0263

МФ: Потпишани договори со 6 општини од 290 милиони денари за инфраструктура

Објавено во: Економија 05 Септември, 2018

Добивај вести на Viber


За подобрување на 20 километри патна мрежа и реконструкција на основно училиште, денес министерот за финансии Драган Тевдовски потпиша договори со градоначалниците на Кавадарци, Кисела Вода, Илинден, Центар Жупа, Желино и Студеничани. Станува збор за 290,7 милиони денари средства за инфраструктурни проекти преку Проектот за подобрување на општински услуги, кој го спроведува Министерството за финансии во соработка со Светска банка. Директен бенефит од овие проекти ќе имаат преку 25.000 граѓани и 70 компании во индустриската зона во Илинден.

Тевдовски истакна дека потпишувањето на договори за 8 нови капитални проекти во 6 општини, од 4 различни региони, е најдобар показател дека Владата се залага за развој и за подобри општински услуги подеднакво за сите општини во Македонија.

-Преку Проектот за подобрување на општинските услуги, кој Министерството за финансии го спроведува со поддршка на Светска банка, се настојува преку инвестиции во капитални добра - прво граѓаните да добијат подобри општински услуги и второ да се развие локалната економија - рече Тевдовски.

Министерот за финансии најави и дека Министерството за финансии набргу ќе објави нов јавен повик до општините преку Проектот за подобрување на општинските услуги.

-Ќе ги повикам сите општини да аплицираат со капитални проекти на новиот јавен повик на Проектот за подобрување на општински услуги, кој Министерствто за финансии ќе го објави до крајот на месецот. За распределба има околу 8 милиони евра, што значат повеќе километри локален пат, комунална инфраструктура, градинки и други значајни проекти за општините и граѓаните. Ги охрабрувам градоначалниците да аплицираат за овие средства и преку проекти да обезбедат подобри општински услуги за своите сограѓани и за развој на општината - рече Тевдовски.

Директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија, Марко Мантованели истакна дека локалните услуги се најблиску до граѓаните и можат да направат најголема разлика и да ги подобрат условите за живот.

-Преку Проектот за подобрување на општинските услуги досега 12.900 домаќинства добија подобра водоводна мрежа, или 524.500 граѓани добија подобри комунални услуги. Со Проектот ги зајакнуваме капацитетите на локалните власти, како и траснпарентноста, за да да станат способни да се развиваат сами и во иднина да нема потреба од поддршка од Светска банка - рече Мантованели.

Во општина Кисела Вода средствата ќе се наменат за изградба на атмосферска канализација во населба Пржино.

-Преку овој проект значително ќе се подобратусловите за живеење на околу 3.500 жители на Општина Кисела Вода. Во последните 50-тина години во Пржино не постоеше систем за управување со атмосферски води, што често пати резултираше со негативни последици врз животната средина, не само во Пржино, како висока централна област на падините на Водно, туку и во ниските зони на општината каде што завршуваше атмосферската вода за време на дождовни периоди - рече Филип Темелковски, градоначалник на општина Кисела Вода.

Општина Кавадарци средствата ќе ги искористи за реконструкција на осум улици и на еден булевар во централното градско подрачје.

- Бенефитот од реализацијата на овој проект е од огромно значење за нашата општина, земајќи го во предвид фактот дека покрај овие улици живеат околу 10 000 граѓани на нашата општина, и на дневна основа поминуваат 700 возила. Со ова ќе им се овозможи на граѓаните зголемена безбедност во сообраќајот, зголемување на капацитетот на сообраќајот и олеснета комуникација, како и зголемена безбедност кај пешаците - рече Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци.

Во општина Илинден ќе направи реконструкција на локалниот пат Кадино-клучка автопат А4. Овој локален пат е од голема важност за општината бидејќи претставува влез во општината Илинден и е главна врска со автопатот Скопје - Атина.

-Со реконструкцијата на овој фрекфентен патен правец се подобрува безбедноста во сообраќајот во овој дел од Општината, и се овозможува побрза и побезбедна комуникација. Безбедноста на учесниците во сообраќајот е еден од приоритетите во работењето на Општина Илинден, поради што континуирано се инвестира во изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, како и во изградба и реконструкција на  пешачки и велосипедски патеки - рече Жика Стојановски, градоначалник на општина Илинден.

Од општина Желино средствата ќе ги вложат во реконструкција на училиште и на локалните патишта до с.Групчин и Ново село.

-Со средствата ќе се изврши реконструкција на основното училиште Фан Ноли-Требош, кое го посетуваат 300 ученици. Објектот е изграден во 1995 година и оттогаш не е реновиран, а има проблеми во обезбедување на основни функционални услови, особено во грејната сезона. Со реконструкцијата ќе се надминат овие проблеми. Исто така, ќе се изврши реконструкција и на локалниот пат до Ново Село и Групчин - рече градоначалникот на Ново Село Блерим Сејди.

Центар Жупа ќе ги искористи средствата за изградба на локалниот пат од населеното место Елевци до населеното место Долгаш, кој претставува спој со регионалниот пат Струга-Дебар.

-Со изградба на овие 4 километри пат ќе се скрати патот за Струга за граѓаните на Центар Жупа за 20 километри - истакна на потпишувањето градоначалникот на Центар Жупа, Аријан Ибраим.

Градоначалникот на Студеничани Азем Садику истакна дека средствата обезбедени преку Проектот за подобрување на општинските услуги ќе ги искористи за партнерно уредување на општината и за реконструкција на улица.

-Ова е многу важен договор за нашата општина. Со него ќе се направи партерно уредување на центарот на Студеничани како и атмосферска канализација. Со ова ќе се реши еден значаен проблем во општината и ќе се обезбедат подобри услови за граѓаните на општината - рече Садику.

Проектот за подобрување на општинските услуги Министерството за финансии го спроведува со поддршка на Светска банка и на Европската унија преку ИПА. Само во изминатата година беа спроведени над 70 капитални проекти во повеќе од 40 општини.

Можеби ќе ве интересира

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа