04 Мај, 2024
0.0259

МИ СЕ ЈАВИ ГРУЈЕВСКИ И БАРАШЕ ДА ФОРМИРАМЕ КОМИСИЈА ЗА НИШТЕЊЕ НА ОПРЕМА НА УБК - ново сведочење за Таргет-тврдина

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

После секоја интервенција во системите за следење на комуникациите во УБК, инженерите за поддршка од Ериксон Телеком, сочинувале записи, но содржината не ја пополнувала заради тајност. 

Ова денеска го истакна сведокот Зоран Стоилковски, на рочиштето за ,,Тврдина-Таргет”, каде појасни дека како инженер за поддршка во ЛИИМС системите, немал директен пристап до наведите системи, како што имале до системите на Телеком.

„Кога одевме во УБК, уредно се пријавуваме. Таму не чекаа вработени во МВР. Во зградата имаше соодветен терминал на Петта Управа, кој го користевме за пристап до системите. Терминалот не беше во собата на системите. После секоја наша интервенција во уредите, МВР ги менуваше пасвордите“, изјави сведокот Стоилковски.

Свој исказ на оваа рочиште имаше и Весна Доревска, од одделот на правни работи при МВР, која сведочеше за контактот со Горан Грујевски во март 2015 година.

„Пред 16 март Горан Грујевски ми се јави со барање, укажување дека сме требале да формираме комисија за попис, ништење на опрема на УБК. Ние проверивме и утврдивме дека таков акт не е стигнат. Контактирав и со колешка од одделот на правни работи при УБК, односно и таа не беше запознаета со ваквата постапка“, рече сведокот Доревска.

Потоа сведокот објасни дека во период 16-23 март користела одмор, односно во овој период Горан Грујевски, до ова одделение доставил барање за формирање на комисијата. Но, сведокот наведе дека тоа барање не било во нивна надлежност.

„Во барањето што беше доставено не беше јасно каква опрема ќе се поништи и од кој сектор. На 23 март 2015 повтроно ми се јави Грујевски. Ми кажа дека ако не се заврши таа работа, тој ќе биде виновен“, наведе Доревска.

Таа, како што пренесе МИА, прочита дел од предметот кој што бил изготвен од нејзиниот колега, каде потенцира дека „Решението за комисијата е изготвено согласно насоките на министерката за внатрешни работи“. Вработениот во одделот за правни работи во МВР, ова го кажал врз основа на укажувањата на Горан Грујевски, дека министерката го чека решението. 

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра