18 Мај, 2024
0.0309

Мицевски во одбрана на екс спикерот Вељаноски: Немало никаков план за насилство

Објавено во: Македонија 04 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Поранешни и актуелни пратеници од ВМРО ДПМНЕ денеска сведочат, повикани од поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, обвинет во случајот за организирање на собраниските насилства од 27 април.

Прв сведочеше сегашниот координатор на пратеничката група Никола Мицевски. 

„Ниту со сопартијците ниту пак во собранието меѓу пратениците, се разговарало за било каков план за да се спречи изборот на претседател на Собранието“, рече Мицевски. 

Тој негираше и поврзаност на партијата со протестите на За заедничка Македонија.

„Никој од пратениците од ВМРО ДПМНЕ никогаш не зборувал за некаков план за насилство, ниту пак да се попречи работата на Собранието. Немам информација и дека некој од сега обвинетите во овој случај контактирал со водачите на движењето За заедничка Македонија“, рече Мицевски.

На прашање на обвинителката Гордана Смаќоска дали Вељаноски како тогашен претседавач со конститутивната собраниска седница можел да го исклучи микрофонот на пратеникот Зеќирија Ибраими кој ја пееше албанската химна, Мицевски одговори дека не можел и дека тоа се правело во комуникација со службите.

Дека не знаеле за план за упад во законодавниот дом и дека партијата не била поврзана со протестите одговорија и екс пратениците Крсто Јовановски, Драган Данев и Трајчо Димков. Одбраната тврди дека сведочењето на пратениците покажуваат дека обвинетиот Вељаноски го испочитувал собранискиот деловник.

Покрај Вељаноски, обвинети во случајот за организирање на 27 април, се и ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, но и поранешниот директор УБК, Владимир Атанасовски. Се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Можеби ќе ве интересира

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување