18 Мај, 2024
0.0303

Мицкоски: Четири нови клинички центри, повисоки плати за сите во здравството

Објавено во: Македонија 08 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Проблемите во здравството се наталожувани со години, а особено доаѓаат до израз последните три. Тендери во 4 очи, бизниси на поединци наместо здравствена нега, крвави тендери се само мал дел од она што е актуелно во здравството, рече денеска Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. 

Тој најави некои реформи доколку дојде на власт. 

„Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на капитален проект за воспоставување на национална мрежа на 4 нови клинички центри Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, Универзитетскиот Клинички Центар „8 септември“, воспоставување на Универзитетска клиничка болница Штип што ќе опфати подигнување на нивото на сегашната болница и воспоставување на Универзитетска клиничка болница Тетово. Се обврзуваме на обнова која ќе опфати реконструкција на болниците во Велес, Кичево, Струмица, Струга и Битола. Со тоа ќе овозможиме квалитетни услуги и поголемо достоинство на луѓето со загрозено здравје, рече Мицкоски.

Вети и 20 отсо повисоки плати во здравството за сите. 

„Истовремено се обврзуваме да веднаш во првите 100 дена да интервенираме во законот, каде што ќе се овозможи на медицинскиот персонал, лекарите, техничкиот персонал заедно со лекарите да можат покрај услугите кои што ќе ги даваат во државното здравство, да даваат услуги и во приватното здравство. И обратен процес, да може лекарите кои што даваат услуги во приватното здравство да можат да даваат услуги во државното здравство, рече Мицкоски.

Вели дека ќе се ревидира позитивната листа, повеќе бесплатни лекови за ранливите групи. 

-Мерките во здравството треба да донесат револуција во квалитетот и повеќе здравје за секого. Ќе градиме здравство кое ќе биде функционално и достапно и кое ќе им служи на граѓаните. Ќе се бориме да имаме вистински бесплатно здравство. Мораме да имаме задоволни лекари и здравствен персонал кој што ќе резултира на крајот од денот со задоволни граѓани. Граѓаните мора да ја добијат услугата која ја заслужуваат, потенцираше Мицкоски и подвлече:


Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност