28 Април, 2024
0.0291

Мицкоски: Граѓаните осиромашуваат, БДП е речиси нула, a девизните резерви опаѓаат

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека економијата тоне, граѓаните осиромашуваат, БДП е речиси нула, a девизните резерви опаѓаат. 

БДП вели во првите три квартали е некаде околу 0,4 проценти под нулата, што значи дека има негативен раст, а до крајот на година би биле среќни ако завршиме со нула, што претставува едно од најлошите достигнувања од осамостојувањето на Република Македонија па до денес.

„Во текот на денешниот ден ќе остварам средба со тројцата европратеници, господата Кукан, Вајгал и Флекенштајн. На средбата ќе стане збор за актуелната политичка ситуација во државата. Но, она што е поважно за граѓаните е лошата економска состојба на секој од нив поединечно, која е резултат на погрешните и лоши политики што Владата предводена од СДСМ ги практикува во Република Македонија“- вели Мицкоски.

Додава дека градежништвото е во опаѓање околу 11 проценти, индустриското производство се движи некаде под нулата, околу 4 проценти. 

Втор параметар, според Мицкоски се странските директни инвестиции.

„Ќе бидеме среќни ако 2017 година ја завршиме со 100 милиони евра помалку директни странски инвестиции во споредба со она што било случај на крајот од 2016  година. 100 милиони евра помалку директни странски вложувања во споредба со она што било во 2016 година. Третиот параметар, исто така катастрофален, што сакам да го споменам, е намалувањето на државните бруто-девизни резерви. Имено, во 2017 година домашните бруто-девизни резерви се намалени цели 266 милиони евра, што е некаде приближно 11 проценти помалку во споредба со она што било ситуација на 31 декември во 2016 година“ вели  Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека граѓаните во Република Македонија се 11 проценти посиромашни на 31 декември 2017 година во споредба со 31 декември 2016 година.

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка