05 Мај, 2024
0.0251

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

Објавено во: Македонија 25 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повика на мобилизација на 8 мај, затоа што така ќе го спречеле евентуалниот бојкот на СДСМ и ДУИ. 

„Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг“, рече Мицкоски. 

Според него, доколку обете партии се решат на бојкот, со тоа ќе покажеле незрелост, односно дека не биле државотворни туку партии кои што се воделе од интерес за малкумината што ги предводат.

„Вчера ВМРО-ДПМНЕ, со резултатите на првиот круг на изборите ја победи целосната владина коалиција убедливо. Тука зборувам на двајцата кандидати на власта – едниот е Стево Пендаровски, вториот е Бујар Османи. Кога заедно ќе ги соберете доаѓаат околу 300 илјади гласа. ВМРО-ДПМНЕ само, односно професорката Силјановска има 363 илјади гласа, според последните бројки коишто доаѓаат од ДИК. Значи ВМРО-ДПМНЕ како што им кажа така и стори заедно со народот, ја порази Владата. Очигледно е дека има големо антивладино расположение. Тие на овој начин покажуваат дека не се државотворни партии, дека се водат од личен интерес. И мислам дека тоа ќе го препознаат граѓаните на 8 мај за време на вториот круг и на парламентарните избори, и ќе дојдеме до мнозинство во Парламентот како политичка опција и Коалиција „Твоја Македонија“, кажа Мицкоски. 

Порача дека и во поразот треба да бидат достоинствени. 

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник