01 Јули, 2024
0.0258

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата со пензионерите во Велес изјави дека ветувањето за повисоки пензии кое го дале во 2023 година го реализирале во првите пет дена од формирањето на Владата. 

„На тој начин практично сите пензионери ќе добијат подеднакво и нема да се создава преголема разлика помеѓу малкумина и повеќе од 80 отсто од пензионерите“, изјави Мицкоски. 

Вели дека целта е пензионерите да имаат достоинствен живот, а не да протестираат по улици како што тоа се случуваше претходно. 

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека е направена детална анализа и врз основа на тоа беше дадено ветувањето дека во првата година од мандатот ќе се направи линеарно зголемување на пензиите за пет илјади денари.

„Денес на седницата на Владата како точка за информирање донесовме заклучок дека пензиите кои што треба да бидат нивелирани, сега во месец септември, а потоа и во месец март следната година, ќе го вклучат тоа линеарно покачување, најпрвин од 2.500 денари сега во септември, и уште 2,500 денари и во месец март. Тоа значи дека најпрвин за три месеци, па за 9 месеци, порано од таа една година што ја ветувавме, тие 5.000 денари линеарно зголемување на пензиите за пензионерите ќе бидат веднаш исплатени“, рече премиерот. 

Тој потенцираше дека се правеле напори и сега во септември да се исплатат во целост 5.000 денари покачување на пензиите, но во овој буџет ваков каков што е, недостасуваат 2,5 милијарди денари за редовното исплаќање на пензиите. Со оглед на тоа дека со ново покачување ќе бидат зафатени исто толку пари, со ребалансот на буџетот ќе бидат реструктуирани 5 милијарди денари или повеќе од 80 милиони евра

„Заедно работевме со министерот Арбен Таравари. Во подготовка е новиот закон во кој ќе направиме рационализација на функционерите во здравството, односно ќе дојде до бришење на делот во кој беа т.н. организациски или кај народот познати, економски директори. И тоа веќе министерот Таравари го направи, голем дел од нив кои што беа вршители на должност кои беа без мандат, заминуваат во историја, а со овој нов закон кој влезе во владина процедура, ќе бидат сите организациски директори укинати. На тој начин практично ќе имаме поефикасна и поевтина работа и повеќе пари кои ќе останат за здравствените осигуреници.“, рече Мицкоски. 

Пензионерите протестираа лани во повеќе македонски градови. 

Можеби ќе ве интересира

ФИЛИПЧЕ: Сега е време за работа, нема време за славење

ФИЛИПЧЕ: Сега е време за работа, нема време за славење

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче е новиот лидер на СДСМ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче е новиот лидер на СДСМ

АВРАМОВСКА-МАДИЌ: Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено, излезени се 12.608 членови или 54 отсто

АВРАМОВСКА-МАДИЌ: Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено, излезени се 12.608 членови или 54 отсто

ДЕСПОТОВСКИ: Нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори

ДЕСПОТОВСКИ: Нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори

ИЗМЕРЕНИ 38 СТЕПЕНИ: Во кој македонски град денеска беше најтопло?

ИЗМЕРЕНИ 38 СТЕПЕНИ: Во кој македонски град денеска беше најтопло?

МЕЏИТИ ДО ДУИ: Раководството да ја прифати реалноста и да се однесува како конструктивна опозиција

МЕЏИТИ ДО ДУИ: Раководството да ја прифати реалноста и да се однесува како конструктивна опозиција

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: На Табановце се чека околу два часа

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: На Табановце се чека околу два часа

АХМЕТИ: Македонија може да стане држава со два народи со бугарско и со албанско државјанство

АХМЕТИ: Македонија може да стане држава со два народи со бугарско и со албанско државјанство

ОГНЕНАТА СТИХИЈА ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА КУЌИТЕ: Втор хеликоптер делува кај Сушево и Злеово

ОГНЕНАТА СТИХИЈА ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА КУЌИТЕ: Втор хеликоптер делува кај Сушево и Злеово