26 Април, 2024
0.0322

Мицкоски нема да му каже на народот што да прави

Објавено во: Македонија 11 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го каже официјалниот став за референдумот на 30 септември за Спогодбата од Преспа, потврдија од прес-службата на опозицијата за Фактор.

Од таму велат дека ставот ќе биде во контекст на говорот на лидерот Христијан Мицкоски на последниот протестен марш во Кичево. На последното обраќање тој истакна дека народот сам одлучува.

Според тоа се очекува неутрален став, односно ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни дека не е ниту за бојкот, ниту за прифаќање на преспанскиот договор, односно членството да гласа по сопствено убедување и волја.

Така веќе претпоставуваат и политичките аналитичари. Алберт Муслиу смета дека раководството ќе повика на гласање „против“ или на слободна проценка, секако, судејќи по говорот на Мицкоски во Кичево, но и по сите околности што се случуваа деновиве.

- Наративот „Бојкотирам“ не е во нивна сопственост. Тие им се конкуренти и ВМРО-ДПМНЕ. Не смее да дозволи гласачкото тело да им се одлее таму, каде што веќе има една политичка партија. Очекувам партијата вечер да го повика членството да излезе на гласање, а Мицкоски лично да каже дека ќе учествува на референдумот, но дека ќе заокружи „против“. Тука се и средбите со високите политички гости од странство, од кои ВМРО-ДПМНЕ добива помош. Ако сакаат, како што викаат тие, брзо да се вратат на власт, ќе мора сериозно да ги разберат пораките што им се упатени од странците, а за кои опозицијата сигурен сум дека нема оправдувања - вели Муслиу.

На иста фреквенција е и прогнозата на Петар Арсовски, кој тврди дека ВМРО-ДПМНЕ ќе најде некоја средина со која нема ниту да го погази преспанскиот договор и нема да ги револтира „поекстремните“ членови.

- Мицкоски нема да повика на бојкот, но ќе повика кој како сака да оцени и да прави, а тоа значи бојкотирање, гласање против и гласање за. Во тој контекст е и неговата порака од протестниот марш во Кичево кога вели „кој сум јас да му кажувам на народот што да прави“, што е малку чудно, бидејќи политичарите треба да му кажуваат на народот што да прави, но оди во прилог на оваа теза - смета Арсовски.

Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ веќе се закажани состаноци со пратеничката група, на Извршен комитет и на Централен комитет. Според агендата, серијата консултации ќе започне во попладневните часови по работното време, додека декларацијата се очекува по 19.00 часот.

Во меѓувреме во кампањата на ИзлезиЗа се користи видео кое потсетува на изјавите на политичарите кои во минатиот период повикувале на референдум, а сега се против вакво изјаснување. Меѓу нив, поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, претседателот Ѓорѓе Иванов, па и актуелниот лидер на опозициската партија Христијан Мицкоски.


Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?