МИЦКОСКИ: Немам информација каква одлука ќе донесе Алтернатива, не сум се слушнал со господинот Гаши
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2021
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема информација какква одлука денеска ќе донесе партијата Алтернатива, односно дали тие ќе пресечат за влез во Владата.
„Немам информација каква одлука денеска ќе донесе Алтернатива. Не сум се слушнал со господинот Африм Гаши“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Тој рече дека е најдобро да се почека и да се види какви одлуки ќе донесат вечерва и двете партии, односно и Алтернатива и СДСМ, кои имаат состаноци на највисоките раководства.
За вечерашниот Централен и Извршен одбор на СДСМ рече дека се нивна работа, и нема да ги коментира.
„На Македонија и е потребна квалитетна СДСМ, а не СДСМ на лоповлук, измами и неработење“, рече Мицкоски.
Очекува дека Зоран Заев „ќе си замине, а заевизмот ќе остане“, и дека „тој ќе најде пион кој ќе го продолжи неговиот пат“.
За големата трагедија во Бугарија изрази сочувства до семејствата, вели дека три дена свесно ВМРО-ДПМНЕ не ги коментирале свесно овие настани.
„Овој немил настан е само продолжение на корупцијата, криминалот и нефункционирањето на државата. Ова е продолжение на претходните трагедии, за кои никаква одговорност нема и не ја научиле лекцијата“, рече Мицкоски.