МИЦКОСКИ ОД ОАЕ: Го поканив претседателот да ја посети Македонија, а бизнис-заедницата да ги согледа можностите за инвестирање

Објавено во: Македонија 14 Април, 2025 20:25
Премиерот Христијан Мицкоски, од денеска до четврток, заедно со тим од Владата и со тим од неговиот кабинет, е во билатерална посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) . Мицкоски очекува да има многу плодни и успешни средби, што ќе значат зајакнување на економската соработка помеѓу двете Македонија и ОАЕ.
„Денес, впрочем денот го започнавме со исклучително квалитетна и пријателска средба, што ја имав со неговото височество, претседателот на ОАЕ. На средбата и двајцата ја истакнавме потребата од многу поблиски односи, многу поплодни односи, а јас, од моја страна, накратко ги образложив нашите цели како Влада. Но, истовремено, го поканив неговото височество, претседателот на ОАЕ, да ја посети Македонија, а нормално, бизнис-заедницата од ОАЕ одблиску да ги согледа сите можности за директно инвестирање во делот на туризмот, инфраструктурата, енергијата, земјоделството и така натаму – нешто што, убеден сум дека може да претставува солидна основа за наша билатерална и подлабока соработка. Во деновите коишто следат, ќе имам средби со стопанските комори на Емиратите – Дубаи, Абу Даби, Шарџа – како и многу средби со компании коишто се присутни во регионот и коишто покажуваа интерес да инвестираат кај нас, дома во Македонија“, порача Мицкоски.
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, како дел од владината делегација која е во официјална билатерална посета на Обединетите Арапски Емирати, се сретна со Претседателот на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Абу Даби, Неговото височество, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан
„Многу отворени теми и можности за силна соработка во повеќе сектори. Разговаравме за соработка во областа на транспортот и инфраструктурата, туризмот, земјоделието и енергетиката“, информира Николоски..
Maкедонската делегација ја посети величествената „Џамија Шеик Зајед“ во Абу Даби архитектонско ремек-дело изградено од бел мермер.Можеби ќе ве интересира
ВИКЕНДАШИТЕ СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Гужва на Богородица и Табановце

СЕ ОГЛАСИ МИЦКОСКИ: „Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за човечност“

ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ СЕ ПРОСТИ ОД ПАПАТА: „Еден од поинтересните и невообичани понтефикати беше 266-от понтификат на Хорхе Мариа Бергољо“

ВДИШАЛЕ ЧАД И ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА: Пожар во стан во Аеродром

ДОПРВА СЕ ОЧЕКУВААТ ГУЖВИ: Сега за сега на табановце и Богородица се чека по 20 минути

„НЕШТО МИ ЗБОРУВА ДЕКА ВАКОВ ПАПА ТЕШКО ДЕКА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ВАТИКАН ПОВТОРНО“: Ванковска за папата Франциск

ЃУЛИСТАНА МАРКОВСКА ЗА ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: „Тој објект работел на замижување на сите органи“

ДЕЛ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ОД „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ СО ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА: Од Анкара го честитаа празникот

„НАМАЛЕНА ПЛАТАТА НА НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ БЕА НА ПРВИТЕ БОРБЕНИ РЕДОВИ НА КОБНАТА НОЌ И СПАСИЈА СТОТИНА ЖИВОТИ“: ВД градоначалникот на Кочани ја шокираше јавноста
