Мицкоски: Оставки веднаш!
Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2020
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара оставки и одговорност во Комисијата за заразни болести по зголемениот број на заразени од корона вирусот. Тој нагласува дека, како што вели тој, наместо партиска, потребна е стручна комисија за заразни болести.
„Наместо партиска, потребна е стручна комисија за заразни болести. Ова не е игра. Доста од партиски диктати, луѓе губат животи. Оставки веднаш!“, напиша Мицкоски синоќа на Фејсбук.
Од мене оставка може да ја побара само Филипче, оти тој ме назначил, рече на вчерашната прес-конференција, доктор Жарко Караџовски.
„Јас давам совет, ако сака да ме послуша министерот и не знам според кои критериуми Форбс одредил дека сме небезбедна земја“, рече Караџовски.