Мицкоски по посета на Битола: Економски пустош, неработа и неспособност e сликата на Македонија
Објавено во: Македонија 29 Мај, 2018
Загриженоста за тоа каде се движиме како држава никогаш не била поголема, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил по посета на Битола.
„Економски пустош, неработа и неспособност, атакување врз достоинството и честа е сликата за Македонија денес. Порачав дела мора да се знае дека сето ова што денес ни се случува, сето ова што некој ни го приредува, што се пазари, што уценува и договара, распарчува и уништува има име и презиме и се вика Зоран Заев. Тој е човекот кој ја фрла на колена сопствената држава, кој си игра со достоинството, го одзема напредокот и иднината на генерации Македонци. Затоа треба да кажеме ДОСТА Е! Нашата генерација има историска и неповторлива шанса да расчисти со овие остатоци од транзицијата и да ги прати во политичка пензија и на темната страна на историјата, пишува Мицкоски.
За власта наведува дека продава гол популизам.