Мицкоски по средбата со Соботка: Му го пренесовме ‘трас, трас-методот’ за носење на Законот за ЈO
Објавено во: Македонија 05 Март, 2020
Му го пренесовме ‘трас, трас-методот’ за носење на Законот за Јавно обвинителство, ‘се договорив со Јово’ и сличните методи на кои се носат овие закони, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со австрискиот парламент, Волфганг Соботка.
„Пренесовме дека тогашниот претседател на Владата не го негираше тоа однесување туку го потврди истото. Господинот Соботка навистина беше вчудовиден, ова беше информација што првпат ја слушнал“, рече Мицкоски.
Мицкоски му кажал на Соботка дека во Парламентот имало повторено гласање.
Вофганг Соботка оствари средби и со премиерот Oливер Спасовски и шефот на дипломатијата Никола Димитров. Го пренесе ставот на официјална Виена на претстојниот Совет во март, особено ја потенцира заложбата на Австрија да се исправи грешката со ветото од октомври.