Мицкоски: СДСМ ја изгуби честа кај граѓаните
Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2019
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, синоќа присуствуваше на василичарскиот оган во скопската населба Даме Груев во општина Ѓорче Петров, каде што изјави дека СДСМ ја загуби честа со начинот на кој ги спроведе уставните измени во Собранието на патот кон реализацијата на Преспанскиот договор.
- Со тие измени и преговарања во „пет до дванаесет“ СДСМ ја загуби честа кај граѓаните. Ние направивме се што можевме демократски да го спречиме тоа - изјави Мицкоски за 1ТВ.
Дополни дека барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори оваа година не е предизвикано од желбата за власт туку, како што вели опозицискиот лидер, да се спречат понатамошните загуби на Македонија.
Мицкоски на граѓаните им посака добро здравје, подобар живот и исполнување на личните желби.