Мицкоски со протести ќе го урива Зоран Заев
Објавено во: Македонија 29 Март, 2018
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа од Сопиште најави дека ВМРО-ДПМНЕ во мај ќе започне протести за уривање на власта на Зоран Заев.
„Јас и денеска му кажав следниот пат да не се мачи да ме става во кругчиња, во мај, еве уште од сега му кажувам, немој да ме ставаш ниту во кругчиња, ниту во квадратчиња, повторно ќе бидам со народот и од мај заедно со народот ќе тргенеме и ќе те урнеме и ќе ти го покажеме вистинското место на темната страна на историјата“- рече Мицкоски.
Тој претходно на Фејсбук напиша дека на 27-ти април бил со народот, со луѓето кои протестирале осумдесетина дена претходно и со право биле загрижени за иднината на земјата. Од СДММ вчера прашаа каква улога имал Мицкоски на 27 април.