МИЦКОСКИ ЗА НОВАТА МЕТОДОЛОГИЈА: Дали ќе биде потешко или полесно, тоа ќе зависи од нас
Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2020
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Топ тема на Телма вечерва изјави дека од нас ќе зависи дали со новата методологија ќе биде полесно, или потешко да влеземе во ЕУ.
Вели дека треба да се реализира она што ќе биде прифатено.
Мицкоски рече дека Законот за јавно обвинителство не е услов за добивање на датум.
„Сега не зборуваме за датум, туку за приближување до ЕУ. Тоа што ќе го испреговарате, тоа треба да го имплементирате“, рече тој.
Вели дека владата треба да покаже зрелост и да се издигне во однос на Законот за јавно обвинителство, за кој власта и опозицијата имаат одредени несогласувања.