29 Април, 2024
0.0261

Мицкоски: Заев одби новиот обвинител да се занимава со корупција на избрани и именувани лица

Објавено во: Македонија 11 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

На стартот на прес конференцијата лидерот на ВМРО ДПМНЕ првично им се извини на новинарите за долгата средба и кои решија да си заминат, како што рече по однесувањето на ВМРО ДПМНЕ кое вети дека нема да се повтори.

Христијан Мицкоски ја одржа прес конференцијата по премиерот и рече дека чекал Заев за да ги изнесе невистините за текот на вчерашната средба.

„Сите информации се лага од еписки размери, измислици која цел е да се дефукусира јавноста а СДСМ се луѓе кои бегаат од правда . Сите знаеме дека не се чисти и до гуша се во криминал“, рече Мицкоски.

Опонентот на Заев посочи дека сака да информира за вистинското однесување на целата средба од вчера.

„Вистина е дека главна борба на Заев беше да се заштити Заев и фамилијата на власт од одговорност . До доцна во ноќта имавме слика на очајник, кој се грчеше, црвенееше и водеше битка од одговорност да не се стигне ниту до Кирацовски, ниту до Ременски и сите други опфатени со сомнежи за актуелни случаи-рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ вели дека планот на Заев е да не се постигне договор и наводно на средбата дошол да не успеат преговорите.

Вака Заев си купи уште некој месец мир, но да знае дека правдата ќе дојде, неминовно, неизбежно, исто како што дојде ноќта, и ноќта помине и дојде утрото.

Мицкоски инфомираше за предлозите на Заев меѓу кои било и формирање на ЈО за висока корупција, тоа да биде на исто ниво со обвинителството на Рускоска за организан криминал а обвинителот да биде на предлог на најголемата опозициска партија.

Покрај надлежностите кои ќе ги има откако ќе ги преземе помошниците на Јанева ќе се додаде и надлеженоста на гонење на криминал на лица кои се именувани и избрани функционери .

Опонентот на Заев вели дека СДСМ барале ново СЈО водено од помошницте на Јанева, обвинителсво кое ке го води Рускоска и се тоа управувано и водено од Јовески.

Меѓутоа Мицкоски вели дека ВМРО ДПМНЕ се да има ЈО за висока корупција, опозицијата да предложи кој ќе го води тоа обвинителство а по престанокот на мандатот на Јанева да престане и мандатот на другите и да се вратат во тие обвинителства од каде што дошле.

-Јас не сум како Заев и нема да се заканувам со тужби-рече пред крајот лидерот на опозицијата по кажаното од премиерот дека „Рекет води кон Мицкоски“.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце