Мицотакис: Денеска е тежок и тажен ден за Грција
Објавено во: Балкан 25 Јануари, 2019
Претседателот на Нова Демократија, Киријакос Мицотакис, по ратификацијата на Преспанскиот договор во Парламентот во Грција изјави дека денешниот ден е тажен и тежок.
„Денеска е тежок и тажен ден за Грција“, изјави Мицотакис.
Вели дека ратификацијата значи признавање на македонскиот јазик и идентитет.
Преспанскиот договор е усвоен во грчкиот Парламент со 153 гласа „за“, наспроти 146 гласа „против“.
Тој од почеток беше жесток критичар на Договорот од Преспа.