08 Мај, 2024
0.0266

МИГРАЦИЈАТА ВО ОВАА ЗЕМЈА ОПАЃА: Балканците се поретко се селат таму

Објавено во: Свет 19 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Миграцијата во Швајцарија опаѓа, посебно од граѓани од Европската унија (ЕУ). 

Оваа  информација ја објави „The Local“, повикувајќи се на податоци од миграциската служба.

Додека расте бројот на оние кои доаѓаат од Франција, Еритреја, Италија и Германија, се намалува бројот на оние луѓе кои доаѓаат  од Србија, Хрватска, Турција, Босна и Херцеговина и Португалија.

Експертите сметаат дека дел од мигрантите се враќаат во своите земји, а други се одбиваат да се преместат, заради подобрување на економската ситуација, вклучително и во Португалија и Шпанија.

Околу половина од странците, кои пристигнаа во Швајцарија од јануари до јуни 2017-та година, го направиле со цел работа, 30% се приклучиле на нивните семејства, малку над 7% дошле да учат, а 5,6% бараат азил.

Во првата половина од годинава балансот помеѓу оние кои пристигнуваат и заминуваат бил 25.526, или скоро 12% помалку во однос на истиот период од минатата година, покажува објавениот извештај.

Со 6% се намалуваат оние кои сакаат да живеат во Швајцарија. Оние кои ја напуштаат земајата исто така се помалку односно,  35.411 луѓе  ја напуштиле земјата во шесте месеци или за 2,3% помалку во однос на полугодието од 2016-та година.

Кон јуни половина од странците биле од четири европски земји: Италија (15,6%), Германија (14,9%), Португалија (13,2%) и Франција (6,3%).

Вкупно бројот на Бугарите и Романците со право за постојан престој се зголемуваат од 19.000 на 23.000 лица.

68,5 од странците во Швајцарија се од ЕУ или од земјите во Европската асоцијација за слободна трговија. Сега миграцијата од овие земји се забавува. Билансот за шесте месеци покажува дека граѓаните на овие земји се со 21,5% помалку и тоа се најниски бројки од 2005-та година. 

Во земјата живеат нешто повеќе од 2 милиони странци – мигранти и родени во Швајцарија, но без швајцарско државјанство.

Можеби ќе ве интересира

ТИКТОК РЕШИ ДА И ВРАТИ НА АМЕРИКА! Ја тужат власта: ова е неуставно, невидено!

ТИКТОК РЕШИ ДА И ВРАТИ НА АМЕРИКА! Ја тужат власта: ова е неуставно, невидено!

ДАЛИ Е ДОЗВОЛНО ДА РАБОТИТЕ ДВЕ РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА: еве какви се правилата

ДАЛИ Е ДОЗВОЛНО ДА РАБОТИТЕ ДВЕ РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА: еве какви се правилата

САМО ОД КАРТИ ЗАРАБОТИЛЕ РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА! Ги надмина сите очекувања! Сегашната цена на билетот ќе важи до јули

САМО ОД КАРТИ ЗАРАБОТИЛЕ РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА! Ги надмина сите очекувања! Сегашната цена на билетот ќе важи до јули

ПОРАДИ ПАД НА ПОБАРУВАЧКАТА, НО И БРОЈНИ ТУЖБИ - АстраЗенека ја повлекува вакцината против Ковид-19

ПОРАДИ ПАД НА ПОБАРУВАЧКАТА, НО И БРОЈНИ ТУЖБИ - АстраЗенека ја повлекува вакцината против Ковид-19

НОВА ДРАМА СО БОИНГ ВО ИСТАНБУЛ! Морничаво видео се споделува на мрежите - авионот удри во пистата со предниот дел!

НОВА ДРАМА СО БОИНГ ВО ИСТАНБУЛ! Морничаво видео се споделува на мрежите - авионот удри во пистата со предниот дел!

УКРАИНА: Скоро половина од севернокорејските ракети лансирани од Русија експлодираа во воздух

УКРАИНА: Скоро половина од севернокорејските ракети лансирани од Русија експлодираа во воздух

ГЛАСАЊЕ СО МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ: Ова ќе го дозволи европска земја

ГЛАСАЊЕ СО МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ: Ова ќе го дозволи европска земја

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВРОПЈАНИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ ОД ПОРАНО: Koи нации предничат?

ЕВРОПЈАНИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ ОД ПОРАНО: Koи нации предничат?