МИГРАНТИТЕ ПО МОРЕ КОН ЕВРОПА: Kолку стигнале, а колку се удавиле?
Објавено во: Свет 16 Август, 2016
Над 266 000 мигранти дошле во Европа преку Средоземното Море од почетокот на оваа година.
Над 3150 се удавиле во обидот да стигнат до Европа, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција.
Вкупно 266 042 мигранти пристигнале од почетокот на годината до 15 август во Медитеранот, посочи ИОМ во соопштението. Огромното мнозинство од нив, 161 594 луѓе, дошле во Грција. На второ место со 101 944 пристигнати мигранти е Италија, зад неа е Шпанија (2476) и Кипар (28). Во текот на неделата од 8 до 15 август, Италија прифатила 1700 човекот, а Грција - 621 мигрант.
Италија стана главна влезна врата за мигрантите кон Европа по склучувањето на договорот меѓу ЕУ и Турција. Од почетокот на месецот во Европа пристигнале 7856 мигранти - значително помалку во споредба со август минатата година. Тогаш за целиот месец на континентот дошле 130 450 лица. Вкупно 3151 човек загинале или се водат за исчезнати по обид да стигнат до Европа преку Средоземното Море од почетокот на годината.