Мигрантскиот поток кон Грција повторно се засили
Објавено во: Балкан 30 Ноември, 2015
Мигрантскиот поток во Грција повторно се зголемува.
Повеќе од 3.000 мигранти пристигнале денес на пристаништето во Пиреос со фериботи од островите Лезбос и Кос. Според весникот „Катимерини“ уште 1206 луѓе чекаат да отпатуваат на Лезбос.
Властите на островот во Егејското Море изјавиле дека протокот на бегалци кои пристигнуваат таму од Турција, е зголемен во неделата, по краткото затишје поради лошото време.
Повеќе од 730 000 мигранти, најмногу од Блискиот Исток и Африка, пристигнале во Грција во 2015, според Агенцијата за бегалци на ОН.
Лезбос е главна точка за проток, и досега 425 000 лица влегле во Европа токму од тој остров.
Имено, во текот на вчерашниот ден на териротијата на Македонија издадени се потврди на вкупно 1.941 странски државјани, од кои 1.069 се од машки пол, 305 се од женски, 491 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 76 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–1.267, Сирија-424, Ирак-250 и други во помал број.