Милчин: Врати се дома, Заев, време е за тајм аут во преговорите
Објавено во: Македонија 20 Мај, 2018
Врати се дома, Заев, време е за тајм аут во преговорите со Грција, напиша професорот Владимир Милчин на својот Фејсбук профил, откако официјална Атина го одби предлогот „Република Илинденска Македонија.
„Граѓаните се нестрпливи со право, бараат социјална правда и казнување на криминалците, без оглед на партиската и етничката припадност. И бараат пристојност и ограничување на привилегиите на властодршците“- напиша Милчин.
Тој досега апелираше на заштита на македонскиот идентитет во преговорите за името.