Милевски си остана на ставот, кој од ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за амнестија за 27 април?
Објавено во: Македонија 19 Декември, 2018
Иако Законот за амнестија изработен од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и владината коалиција беше изгласан со консензус од 95 гласа за и ниту еден против, синоќа имаше 17 народни избраници кои не го поддржаа решението за обвинетоте од 27 април во Собранието.
Горан Милевски, претседателот на ЛДП, си остана на најавениот став дека нема да гласа, а дури четворица пратеници од ВМРО-ДПМНЕ одбиле да го направат тоа - Антонио Милошоски, Лилјана Затуроска, Дафина Стојаноска и Благица Ласовска.
Инаку минатиот месец не беше прифатен во Собранието предлог-законот на најголемата опозициска партија за целосна амнестија на обвинетите од „крвавиот четврток“.
Не гласаа уште Амди Бајрам и Енес Ибрахим од Партијата за движење на Турците, Али Ахмети и Џеват Адеми од ДУИ, Африм Гаши, Теута Биљали, Фадил Зендели, Реџеп Мемеди, Неџбедин Карамани од БЕСА и Мерал Ферати Узеири од ДПА.