18 Мај, 2024
0.0268

МИЛИОН БАКТЕРИИ НА ВАШИОТ МОБИЛЕН: Се закануваат сериозни зарази, еве поради која бактерија!

Објавено во: Стил 15 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Мобилните станаа неизбежен дел од речиси сечија секојдневица. Со нас се речиси 24 часа дневно па така се закануваат и сета нечистотија која на нив ја пренесуваме со рацете, но и со местата на кои ги изложуваме и слично. Во текот на денот многумина својот мобилен го понесуваат со нив и во спалната соба, можеби и покрај перниците. Доколу ги оставиме во наша близина зрчењата на мобилните се исто така тивка закана, па треба да се има на ум и тоа дека мобилните се закана и мноштво со бактерии.

339734

Студентите од бактериологија од универзитетот во Тексас направиле мало истражување.

Имено, своите мобилни ги извадиле од торбиците и џеповите и испитувале бактериите на мобилните телефони а на нив забележале цел спектар од стрептококи, предизвикувачи на кожни заболувања, бактерии кои предизвикуваат тровење со храна, габични инфекции, па и од оние бактерии кои предизвикуваат сепса, односно тровење на крвта.

339737

Во согласност со тоа, експерти советуваат редовно чистење на мобилните со антисептички течности или влажни марамици. Ако го правите тоа, одвикнете се од навиката да го држите мобилниот во џеб или покрај креветот, а посебно внимателни бидете кон тоа каде вашите деца ги држат мобилните.