18 Мај, 2024
0.0305

Милков му одговори на Пендаровски: Не станува збор за мешање на Бугарија во внатрешните процеси на Maкедонија

Објавено во: Македонија 06 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Бугарија не прифаќа формулација со која Бугарите би имале различен статус од другите народи во Македонија. 

Ставот го изнесе бугарскиот шеф на дипломатијата, Николај Милков, откако претседателот Стево Пендаровски го нарече скандалозно барањето Бугарија да биде дел од процесот на уставни измени.

„Не станува збор за мешање на Бугарија во внатрешните процеси на нашата соседна земја. На крајот на краиштата, ние први ја признавме како независна земја. Станува збор за создавање атмосфера на доверба преку конструктивна комуникација, доколку се оцени дека таква е возможна. Но, според нашата проценка, тоа е крајно задоцнето и крајно неопходно – за да можеме да се движиме кон полноправни добрососедски односи. Македонските Бугари мора конечно да добијат еднаквост во секој поглед и во Уставот и подоцна во рамките на законите“, рече Милков.

Пендаровски претходно изјави дека во 21 век апсурдно е да барате да се мешате во внатрешните политички и во уставно-правни процеси на која било држава, а тоа не го прават ниту окупаторите кон земјите, териториите или државите што ги окупираат.

Од македонското Министерство за надворешни работи(МНР) синоќа одговорија дека граѓани и институции од други држави не можат да се вклучат во процесот, затоа што тоа е внатрешно прашање на Македонија. 

По ВМРО-ДПМНЕ и Левица одлучи да не учествува во работната група на министерството за правда за уставните измени. Од партијата на Димитар Апасиев обвинуваат за тајни средби меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ и тоа во посредство на бугарски служби.

Без внесување на Бугарите во Уставот, Македонија не може да ги продолжи преговорите со Европската Унија(ЕУ). ВМРО-ДПМНЕ предложи уставни измени по хрватски модел, но премиерот Димитар Ковачевски вели дека имаме и свој македонски модел. 

Можеби ќе ве интересира

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување