01 Мај, 2024
0.1187

Милошоски: Франција и други земји проширувањето на ЕУ го гледаат како товар, не како приоритет

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Франција и некои други земји проширувањето на Европската унија го гледаат како товар, а не како приоритет, вели пратеникот Антонијо Милошоски за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, откако Македонија извиси во надежите дека ќе ги отпочне преговорите.

„Да се потпише спогодба од суштинско значење, а без притоа да се бараат силни гаранции е како да се согласите да ви ја ампутираат ногата без претходно да побарате второ и трето мислење од други лекари. Доколку се направи таква грешка, ногата ќе ја изгубите без разлика колку долго и гласно ќе плачете по нејзе. За жал, нашата Влада направи токму таква грешка.

Таа потпиша договор со Грција во кој Македонија направи досега невидени концесии. Граѓаните на нашата држава беа изманипулирани. Беа убедувани дека токму таа Спогодба ќе ни обезбеди членство во ЕУ. Таква беше и пропагандата пред референдумот за промена на името. Меѓутоа, реалноста е поинаква. Франција и некои други земји членки, проширувањето на ЕУ не го гледаат како приоритет, туку како товар. Во такви околности, полноправното членство во ЕУ во следнава деценија станува невозможна мисија, па дури можеби и за подолго време“, вели Милошоски на едно од прашањата на весникот.

Поранешниот министер за надворешни работи смета дека и работите во ЕУ треба да се променат за да бидат појанси критериумите дали таму има иднина за земјите од Западен Балкан.

Процесот на проширување на ЕУ е клинички мртов. Следните 2-3 години ќе покажат, дали во ЕУ има политичка волја, преку реформи, истиот повторно да оживее. На политиката на проширување на ЕУ и недостасува стратешки правец.

На Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија со секоја година ќе им станува се потешко да веруваат во перспективата за полноправно членство и во тој правец да ја ориентираат својата политика. Затоа нашите држави би требало на еден од следните Самити ЕУ-Западен Балкан да бараат разјаснување. Наивните ветувања не се доволни. Добра можност да се покаже дека потребните реформи во државите од западниот Балкан се поддржуваат не само со празни зборови би било на регионот да му се дозволи барем парцијално да учествува во користењето на стриктурните фондови од ЕУ.“, тврди Милошоски.


Можеби ќе ве интересира

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција