14 Ноември, 2019
0.0211

Милошоски прашува - зошто доцни предлог Буџетот за идната година

Објавено во: Финансии 06 Ноември, 2019

Пратеникот Антонио Милошоски предупредува дека предлог буџетот за идната година доцни во Собранието. 

„Предлог-буџетите во 2014, 2015, 2016 и 2017 година, од страна на Владата, до Собранието секогаш беа доставувани во текот на септември. Тоа е знак на соодветна координација меѓу институциите и добро менаџирање на процесот од стана на Министерството за финансии како надлежна установа. Оваа година почнаа да се ситнат деновите од ноември, а од предлог буџетот ни трага ни глас. Слично беше и во 2018/19 година. Тоа е сигнал за два крупни недостатоци“, вели пратеникот.

Прво, според него, Владата во предизборното брзање нема јасен концепт за буџетско насочување и за ефикасно искористување на капиталните инвестиции, чија реализација е очајно слаба и второ, како што вели, Министерството за финансии и економскиот тим Заев-Анѓушев-Нина Групер, немаат капацитет да дефинираат приоритети за кои ресори ќе се одделат повеќе средства - дали за образование, здравство, животна средина, земјоделие, култура, инфраструктура, дипломатија или одбрана итн. 

„Секој министер влече на своја страна, некој воден од фамилијарни бизнис интереси, или партиски неисполнети ветувања, а во тимот на Заев нема буџетски стратег кој ја согледува големата економска слика и кој има капацитет да пресече за буџетските приоритети. Што можеме да очекуваме во вакви околности? Можеме да очекуваме предлагање на гломазен желботека-буџет кој би тежел околу 4 милијарди евра, според девизата 'пиши, хартијата трпи се'. И згора на тоа, можеме да очекуваме намалување на капиталните инвестиции кои носат развој, а во буџетот да има дуплирање на средствата за вработување на договор на дело во администрацијата, како предизборен обид на сметка на буџетот да се намали разочарувањето кај гласачите на коалицијата на СДСМ-ДУИ-Амди-ДОМ-Љубе-НСДП-Самка!“, напиша пратеникот на својот фејсбук профил.

Инаку, согласно законските прописи, предлог буџетот за секоја следна година, треба до Владата да биде доставен најдоцна до први ноември. 

Можеби ќе ве интересира

Која домашна банка ќе му даде кредит на буџетот идната година

Која домашна банка ќе му даде кредит на буџетот идната година

Министрите Мила Царовска и Арбр Адеми имаат најтешко буџетско чекмеџе

Министрите Мила Царовска и Арбр Адеми имаат најтешко буџетско чекмеџе

Германските фирми ја фалат Владата што го замрзна прогресивниот данок

Германските фирми ја фалат Владата што го замрзна прогресивниот данок

Први критики од бизнисот за буџетот, Арсовска прашува - на што базира проекцијата за раст

Први критики од бизнисот за буџетот, Арсовска прашува - на што базира проекцијата за раст

Буџетот идната година ќе тежи 3,9 милијарди евра

Буџетот идната година ќе тежи 3,9 милијарди евра

НОВ СИЛЕН ИГРАЧ ВО НАЈАВА - Големи прегрупирања на банкарската сцена

НОВ СИЛЕН ИГРАЧ ВО НАЈАВА - Големи прегрупирања на банкарската сцена

ФИНАНСИИ СЕ ПРАВДА - од прогресивниот данок се собраа за 51,2 отсто пониски приходи од потенцијалот

ФИНАНСИИ СЕ ПРАВДА - од прогресивниот данок се собраа за 51,2 отсто пониски приходи од потенцијалот

МОЌЕН БАНКАРСКИ БРЕНД НА ПАЗАРОТ - Шпаркасе ја купи Охридска банка

МОЌЕН БАНКАРСКИ БРЕНД НА ПАЗАРОТ - Шпаркасе ја купи Охридска банка

Каевски: Парите за спортските објекти се намалени поради Охридскиот базен

Каевски: Парите за спортските објекти се намалени поради Охридскиот базен