20 Декември, 2025
0.0412

МИНИМАЛНАТА КОШНИЦА РИПНА ЗА НАД 50 ЕВРА - СИНДИКАТОТ ПРАШУВА: Има ли уште дилема зошто платите треба да се зголемат за 2.800 денари

Објавено во: Економија 08 Април, 2022 12:00

Добивај вести на Viber

Иако сеуште не е ни исплатена мартовската плата на сите вработени согласно зголемувањето на минималната плата, Државниот завод за статистика пресметал и објавил дека трошоците на живот во март се зголемени за 8,8 проценти во споредба со март лани, а цените на мало за 9,6 проценти. Во однос на февруари има зголемување за 1,6 проценти, а кај цените на мало за 1,5 проценти, реагира во својата објава до јавноста Сојузот на синдикатите на Македонија. 

„Оттука, единствен начин е платите да го следат растот на трошоците за живот, а не да се дозволува трошоците за живот вртоглаво да растат, а платите да не растатат и тоа само со изговор дека уште повеќе ќе пораснат трошоците за живот ( инфлацијата ).

Со право ССМ и гранските синдикати се гласни и бараат најмалку 2.800 денари веднаш зголемување на платите во приватниот и во јавниот сектор. Тоа е потребно поради тоа што и синдикалната минимална кошница која ја пресметува ССМ во месец март 2021 година изнесувала 33.772 денари, а во месец март 2022 година изнесува 36.768 денари, или истата е зголемена за 3.046 денари, а платите во истиот период не се зголемени ниту еднаш. Само во 2022 година во јануари кошничката изнесувала 35.811, во февруари била поскапа за 335 денари односно изнесувала 36.164,00 денари, а во март била поскапа од февруари за 622 денари или изнесувала 36.786“, се вели во објавата од Синдикатот.

Синдикалната минимална кошница која според ставовите на ССМ е пореален модел на пресметување на трошоците на живот, само од јануари 2022 до март 2022 година пораснала за 957 денари.

Во изработката на кошницата се поаѓа од вредноста на потрошувачката кошница што ја изработува Државниот завод за статистика. Вредноста на статистичката кошница, која вклучува 63 производи.

Исхраната и пијалоците не се единствениот трошок за нормално функционирање на едно семејство.

Типот на претпоставеното домаќинство е четиричлено семејство, кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил. Синдикалната минимална кошница вклучува седум групи: исхрана и пијалоци, домување, хигиена, превоз, облека и обувки, култура и одржување и здравје.

Можеби ќе ве интересира

Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)

Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?