МИНИСТЕР СЕ ПРЕСЕЛИ ВО СКАП СТАН: Кој го платил луксузот?
Објавено во: Балкан 07 Февруари, 2018
Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, се иселил од станот од 170 квадрати кој наводно му го купила тетка на неговата сопруга која живее во Канада. Тој неодамна се вселил во вила на Дедиње, објави „Блиц“.
Станот од 200.000 евра Вулин го заменил со објект во најелитниот дел на Белград во кој живееле претходните министри за одбрана на Србија. Новиот дом на Вулин е трипати поголем од станот во кој досега живеел.
„Блиц“ пишува дека Вулин се одлучил да се пресели токму кога се појави аферата дека станот не го платил сам. Државните органи во септември лани одобриле Вулин да ја користи вилата на Дедиње. Тогаш српските медиуми открија дека Агенцијата за борба против корупција истражувала од каде му е станот од 244.000 евра.
Вулин првин рекол дека до парите дошол со продажба на неговиот стан, но било откриено дека имотот што го поседувал го продал за 38.000 евра, и тоа на неговиот роден брат. Потоа ја сменил приказната и рекол дека позајмил 205.000 евра од тетката на неговата сопруга од Канада. Уплатата на таа сума не била забележена на неговата сметка, ниту на царина. На новинарско прашање како успеал да внесе толку пари во земјата, Вулин рекол: „Кој ви кажа дека се внесени одеднаш? Кој ви кажа дека не се внесени по 9.000 евра по закон?“