07 Мај, 2024
0.0261

Министерката за образование ќе го вклучи Студентскиот пленум во идните реформи

Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Преставници на Студентскиот пленум денеска се сретнаа со министерката за образование Рената Дескоска, на чија средба се разговараше студентите да земат активно учество во реформите во високото образование.

Деа Здравковска од Студентскиот пленум потенцираше дека после три години борба, конечно некој од Министерството ги викнал на средба.

– Најголем проблем е студентското организирање и нефункционалноста на студентските правобранители. Ќе ја мотивираме самата министерка да работи во тој процес. Сакам да потсетам дека Студентски пленум не се формираше за да ја бутне претходната власт, туку да ја критикува секоја онаа што носи непросмислени и лоши реформи кои немаат позадина во областа на образованието. Затоа, ќе ја потсетуваме новата министерка дека ние сме тука кога ќе направи некој лош чекор – истакна Здравковска.

„На средбата беше истакнато дека во наредниот период ќе се пристапи кон измени на Законот за високо образование, во чии подготовки ќе учествуваат и претставници на Студентскиот пленум“, соопшти МОН.

Министерката Дескоска изјави дека на средбата станало збор и за студентскиот стандард, како и за севкупното студентско движење.

„Претставниците на ‘Студентскиот пленум’ напоменаа дека се подготвени за соработка со Министерството и истакнаа дека нивното движење не било формирано да се урне претходната владина гарнитура“, соопшти МОН.


Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта