30 Април, 2024
0.0329

Министерот Филипче го поправи сервисот: Пријавете неправилност!

Објавено во: Македонија 23 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Неполни десет дена по објавата на „Фактор“ Министерството за здравство го стави во функција својот сервис за пријавување неправилности и тоа е гест за поздравување. Останува сега само да се стави во функција сервисот за пријавување неправилности на Државниот санитарен и здравствен инспекторат! 

Министерството за здравство го стави во функција модулот за пријавување неправилности и тоа може да се провери на следниот линк .

Воедно, Министерството за здравство отвори и нова мејл адреса nepravilnost@zdravstvo.gov.mk на која исто така може да се пријави неправилност што е увидена во тек на добивање на здравствени услуги. Затоа, почитувани читатели преку пријавување непријавилности можете да ја проверите ажурноста на оваа алатка, а воедно и да им помогнете на надлежните лица од Министерството за здравство за да ја зголемат контролата и да ја подобрат рационалноста во работењето на јавното здравство.

Како што објави „Фактор“ пред девет дена, односно на 13 март  по пријава на граѓанин беше утврдено дека не функционира сервисот на пријавување неправилности на Министерството за здравство. „Фактор“ тогаш јавно постави неколку прашања на министерот за здравство Венко Филипче, но не добивме одговор на ниту едно од поставените прашања. Сепак, резултат од текстот имаше и со самото тоа што сервисот за пријавување неправилности е ставен во функција. „Фактор“ во оваа прилика му изразува јавнподдршка за брзата реакција и за воспоставувањето на сервисот. Секако дека ова е пример за добра соработка и за земање во обзир на јавното мислење.

Аплеираме во министерот Филипче во оваа прилика да го искористи својот авторитет и надлежностите со цел Државниот санитарен и здравствен инспекторат да го стави во функција својот сервис за пријавување неправилности!


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање