14 Мај, 2024
0.0345

Министерот Хоџа не смеел да ја постави сопругата за управител на неговиот рибник

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите рече дека Аријанит Хоџа, министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство не смеел да постави член на потесното семејство како управител на неговата компанија и дека тоа треба да го коригира со друго име назначено за управител.

Државната комисија за спречување корупција отвори предмет за судир на интереси кај Хоџа бидејќи личниот бизнис по добивањето функцијата министер го префрлил на сопругата. 

„Фактор“ уште лани напиша дека Хоџа за да биде министер за земјоделство, шумарство и водостопанство се избришал како сопственик и управител на Фреш Фиш, компанијата од гостиварското село Вруток која  е еден од најголемите производители на риба во Македонија. Како одговорно лице е запишана неговата сопруга Мимоза Хоџа на местото на единствениот министер во новата Влада кој доаѓа од редовите на Беса.

За рибникот на генералниот секретар на Беса е познато дека произведува и тргува со 120 тони риба, главно наменети за рестораните низ земјата и странство. Фреш Фиш има седум вработени.

Последната инвестиција од 22.000 евра била наменета за проширување на базените, производството и за набавка на класификатор на риба и храна за риби. Дел од сретствата Фреш Фиш ги обезбедил преку кредитната линија на Македонската развојна фондација за претпријатија. Во плановите на компанијата биле и преработка на рибата и транспорт на жива риба до клиентите.

Во селото каде што извира Вардар и кое активно развива еко-туризам има голем број рибници кои годишно произведуваат над 200 тони калифорниска пастрмка. Голем дел од произведената риба се подготвува во познатите ресторaни во самото село кои имаат гости во текот на целата година.

Хоџа во својата официјална владина биографија, која патем е најкратка од сите други членови на Владата, навел дека е основач и управител на приватна компанија од 2009.


Можеби ќе ве интересира

„ А БЕ УРСУЛА, ВИЕ СТЕ СИ КРИВИ“: Се огласи и Колозова

„ А БЕ УРСУЛА, ВИЕ СТЕ СИ КРИВИ“: Се огласи и Колозова

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ЛОГА: Јавно го прашувам, колку измени и дополнувања на Изборниот законик гледа долу во фуснотата од 2019 до 2024? Галиба 6 се, нели Лога?

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ЛОГА: Јавно го прашувам, колку измени и дополнувања на Изборниот законик гледа долу во фуснотата од 2019 до 2024? Галиба 6 се, нели Лога?

МАКЕДОНЦИТЕ КОИ ЗАМИНАЛЕ ВО СТРАНСТВО СЕ СООЧУВААТ СО НОСТАЛГИЈА: Како да ја пребродат оваа состојба?

МАКЕДОНЦИТЕ КОИ ЗАМИНАЛЕ ВО СТРАНСТВО СЕ СООЧУВААТ СО НОСТАЛГИЈА: Како да ја пребродат оваа состојба?

НАЈЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СИЛЈАНОВСКА НЕ ГО ПРЕКРШИЛА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Во моментот кога ја дава заклетвата таа не е претседател и нема обврска да го употребува името

НАЈЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СИЛЈАНОВСКА НЕ ГО ПРЕКРШИЛА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Во моментот кога ја дава заклетвата таа не е претседател и нема обврска да го употребува името

МИЦКОСКИ НА ПЛАНИНА И ПОКРАЈ ОГАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРЕМИЕРСКОТО СТОЛЧЕ: „Неколку дена за стратегија и чекорите кои следат“

МИЦКОСКИ НА ПЛАНИНА И ПОКРАЈ ОГАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРЕМИЕРСКОТО СТОЛЧЕ: „Неколку дена за стратегија и чекорите кои следат“

„ЛА НИЊА” ОВА ЛЕТО НИ НОСИ ГОЛЕМИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Да бидеме подготвени на се, предупредуваат метеоролозите

„ЛА НИЊА” ОВА ЛЕТО НИ НОСИ ГОЛЕМИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Да бидеме подготвени на се, предупредуваат метеоролозите

ТАРАВАРИ СЕ НАДЕВА ДЕКА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ЌЕ ГО ПОЧИТУВА УСТАВОТ И МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ: „Сѐ уште преовладува еуфорија од изборите“

ТАРАВАРИ СЕ НАДЕВА ДЕКА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ЌЕ ГО ПОЧИТУВА УСТАВОТ И МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ: „Сѐ уште преовладува еуфорија од изборите“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување