Министерство за култура денеска „на поправен“
Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2019
Министерството за култура денеска ќе ги разгледува одбиените апликации и оние од страна на незадоволните организатори на настаним претстави и фестивали по тридневните негативни реакции по објавувањето на Годишната програма за финансирање на проекти во 2019-та.
Министерот Асаф Адеми веќе изјави дека одбиените решенија се поништени и денеска стручните комисии повторно ќе ги разгледаат, а ги покани и медиумите да присуствуваат.
Доколку се утврдат недоследности, листата на поддржани проекти од национален интерес ќе биде дополнета, велат од ресорот.
- Нека повелат медиумите, нека истражуваат, видете ги самите документите. Сите апликанти што беа одбиени повторно ќе се разгледаат нивните апликации. Асаф Адеми не пати за политичка функција, јас сум тука за граѓаните. Проектите не сум ги делел на македонски и албански. Било важно само да бидат квалитетни - тврди владиниот функционер - реле вчера Адеми преку скајп врска од Берлин.