05 Мај, 2024
0.0267

Министерство за транспорт и врски: Изнесените констатации на СЈО се невистини

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

По повод новиот предмет на СЈО „Топлик“ за кој јавноста беше информирана денеска на прес-конференција, од Министерството за транспорт и врски  реагираат на изнесените констатации. 

Оттаму велат дека се работи за невистини за злоупотреба на службената должност и овластувања од страна на службени и овластени лица на Министерството за транспорт и врски.

„Имено, во 2007 година, Министерството за транспорт и врски, согласно своите законски надлежности за располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија има спроведено постапка за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија во општина Сопиште, предвидено со урбанистички план за с. Сопиште. Постапката е во целост спроведена во согласност со Законот за градежно земјиште и Уредбата за начинот и постапката на отуѓувањето, давањето под закуп и висината на посебните трошоци на постапките за отуѓувањето и давањето под закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонија. Од страна на комисијата при Министерството за транспорт и врски се прибавени сите потребни докази за утврдување на сопственоста и тоа од страна на надлежни институции при што е констатирано дека во целост се исполнети законските услови за отуѓување на градежното земјиште“ - наведуваат од Министерството за транспорт и врски. 

Тврдат дека спротивно на наводите изнесени на денешната прес-конференција јавното обвинителство, за наводно постапување спротивно на членот 3 од Уредбата за начинот и постапката на отуѓувањето, давањето под закуп и висината на посебните трошоци на постапките за отуѓувањето и давањето под закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, објавена во „Службен весник на РМ“ бр. 79, од 3.10.2001 година, објавата за отуѓување на градежното земјиште ги содржи сите задолжителни податоци. 

По спроведување на постапката за отуѓување на градежното земјиште, од страна на надлежниот државен правобранител како надлежен орган за произнесување во постапките за отуѓување на недвижен имот во сопственост на Република Македонија е дадено позитивното мислење, со што уште еднаш се потврдува дека се исполнети сите законски услови за отуѓување, по што е склучен договорот за отуѓување на градежното земјиште пред надлежен нотар и спроведен во јавната книга за запишување на правата на недвижностите.

Донесената одлука на Уставниот суд на Република Македонија за укинување на урбанистичкиот план претставува основ за раскинување на договорот, а не пропустите во работата на комисијата, објаснуваат надлежните. Велат дека Уставниот суд тоа го има направено од причина што претставува суштински елемент на договорот, која што воопшто не се однесува на наводите на СЈО за однапред познати причини за неможност на извршување на договорот, туку истата се однесува на формални недостатоци во водењето на постапката од страна на општината и тоа:  јавната анкета која што ја спроведувала општината траела еден ден пократко од предвидениот рок со законот, согласноста на урбанистичкиот план издадена од Министерството за транспорт и врски на ден 19.02.2007 година, општината во својата архива ја заверило на 21.02.2007 година, што е еден ден по усвојувањето на урбанистичкиот план од страна на советот на општината.

„Во однос на раскинувањето на договорот и наводите за оштетување на буџетот на Република Македонија при исплата на законска затезна камата од страна на Министерството за транспорт и врски, би сакале да ја известиме јавноста дека Министерството за транспорт и врски нема склучено договор за раскинување на договорот, што е спротивно на тврдењето на обвинителството, туку истиот е раскинат со судска спогодба на ден 20.07.2011, која што е склучена помеѓу правното лице купувач, кој што е во својство на тужител и Република Македонија, претставувана од Државното правобранителство на Република Македонија за подрачје на Скопје, како застапник по закон. Согласно споменатата судска спогодба се раскинува договорот за отуѓување на градежното земјиште, а се задолжува Министерството за транспорт и врски со истата спогодба склучена од страна на Државното прабовранителство единствено да ја врати купопродажната цена со законска затезна камата, а земјиштето да се врати во сопственост на Република Македонија. Согласно спомената спогодба, а со цел заштитување на имотните интереси на Република Македонија, не е прифатено тужбеното барање за исплата на надомест на име обична штета, што јасно укажува на постапување од страна на надлежните институции, а особено на Министерството за транспорт и врски во интерес на Република Македонија и заштита на имотните интереси на Република Македонија“ - додаваат од Министерството за транспорт и врски. 

Единствено нешто што е преземено од страна на Министерството за транспорт и врски во постапката за враќање на уплатените средства и законски утврдената затезна камата, е постапувањето согласно судската спогодба, која претставува извршна исправа, информираат од ресорното министерство. 


Можеби ќе ве интересира

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско