МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Единствената заболена денеска негативна на тестот за коронавирус
Објавено во: Македонија 05 Март, 2020
Единствената заболена во Македонија денеска негативна на тестот за коронавирус.
Министерството за здравство денеска соопшти дека контролниот тест на единствената пациентка заболена од коронавирус во земјава денеска e негативен.
„Значи дека опаѓа нејзината инфективност, но согласно процедурата, истиот ќе биде повторен по 48 часа“, рекоа Министерството.
На корона била негативна и нејзината ќерка, со која заболената е во контакт.
Жената се заразила во Италија. Се работи за жена од Скопје на возраст од 50 години.
Двајца странци денеска беа тестирани, но имаат негативни резултати.