06 Мај, 2024
0.0282

Министерството ќе ја тужи екс директорката на Археолошки музеј

Објавено во: Македонија 24 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Министерството за култура е подготвено да поднесе кривична пријава против Весела Честоева поранешната директорка на Археолошки музеј на Македонија и ќе го истражи како што велат нејзиното „самовработување“.

Министерството за култура на Република Македонија исто така во целост ги демантира, како што вели, невистините изнесени на гостувањето на ТВ Нова на 22 јули од страна на Весела Честоева, претходен директор на Националната установа Археолошки музеј на Македонија - Скопје.

„Според податоците со кои располага Министерството, а кои што беа доставени од страна на Археолошкиот музеј, во конкретниов случај воопшто не станува збор за отказ, односно раскинување на договорот за вработување на определено време за работното место Раководител за стручни работи, без отказен рок додека горенаведеното лице користи боледување, туку за донесување одлука од страна на в.д. директорот за прогласување на предметниот договор за ништовен, согласно прописите од областа на облигационите и работните односи, што значи дека истиот нема правно дејство.

Имено, согласно констатациите на инспекциските служби, договорот за вработување бил склучен за период од една година, спротивно на согласноста на Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства, според која средства за исплата на плата од Буџетот на РМ биле обезбедени заклучно со 31.12.2017 година. Од друга страна, горенаведеното лице започнало со работа пред да биде пријавена во Агенцијата за вработување, односно ретроактивно, прекршок за кој што инспекцијата има изречено прекршочна санкција - глоба.

Имајќи предвид дека склучениот договор за вработување на ваков начин во иднина би можел да предизвика штетни последици по установата, односно негативни финансиски импликации по Буџетот на РМ, со одлука на в.д директорот истиот е прогласен за ништовен, односно како да не бил ни склучен“, реагираше Министерството за култура.


Можеби ќе ве интересира

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните