12 Мај, 2024
0.0274

Миновски: Да продолжи даночната политика на ниски даноци

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Во интерес на Република Македонија е да продолжи примената на постоечката даночна политика на ниски даноци, изјави министерот за финансии, Кирил Миновски на денешната кафе дебата организирана од Европското движење на Македонија. 

Вели дека Македонија, како држава која се бори да ги привлече инвеститорите, но и да го стимулира растот на домашните компании, од посебно значење е да ја одржи оваа ставка на ниско даночно оптоварување, смета тој. Додава дека ова обезбедува директен поттик на претприемачите и на инвеститорите. 

„Ние не знаеме кога точно Македонија ќе стане членка на Европската унија иако работиме континуирано на тие стандарди. Меѓутоа, овие политики коишто ги спроведуваме се во насока токму на поттикнување на развојот на домашната економија. Затоа што единствено преку одржлив приватен сектор можеме да ги исполниме стандардите за членство во ЕУ и да го издржиме како компании конкурентскиот притисок којшто го има единствениот европски пазар“ - кажа  Миновски.

Објасни дека европскиот заеднички пазар бара од нашите компании да се соочат со конкурентскиот притисок од тој заеднички пазар, а тоа значи дека треба да имаме одржливи и силни компании коишто навистина ќе имаат конкурентни производи и во таа насока и фискална политика.


Можеби ќе ве интересира

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно