29 Април, 2024
0.0279

Мисајловски: СДСМ си игра со големите инфраструктурни проекти

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Екс министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на партиска прес конференција го обвини СДСМ дека новата Влада веќе цел месец ништо не работат и дека покажуваат голема неспособност.

- Проектите од сферата на инфраструктурата почнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ се од витално значење за Република Македонија и не смеат да трпат застои или одложувања, a окрај тоа сите тие пред да почнат со градба се добро подготвени со претходни анализи и мислења, порача Мисајловски.

Тој смета СДСМ дека „си игра со големите инфраструктурни проекти од значење за државата“ и дека единствениот проблем со кој се соочуваат изградбата на автопатот Кичево – Охрид и експресниот пат Прилеп – Градско е „неспособноста на СДС“.

– Големите инфраструктурни проекти се проекти кај кои секаде во светот се јавуваат одредени пречки во текот на градбата, но напоменуваме дека решенијата за истите се решаваат со работа и не се предизвици поради кои треба да запре изградбата – рече Мисајловски.

Претходно новиот министер за транспорт и врски Сугарески откри дека има големи проблеми и грешки во изведбата на автопатите кои државата ќе ја чинат дополнителни стотина милиони евра.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање